ноември 23, 2024

Таравари: Тоне бродот на СДСМ, ќе потоне со новиот лидер

Генералниот секретар на Алијанса за Албанците и актуелен градоначалник на Гостивар, Арбен Таравари  во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека бродот на СДСМ тоне.

Тој вели дека истиот ќе потоне со новиот лидер.

„Во СДСМ има сериозни проблеми, внатре во партијата. Незадоволството таму е големо. Заев вети многу, ништо не реализираше. Затоа и бега. СДСМ во моментот тоне, а ќе потоне со новиот лидер. Новиот лидер нема да може да ја одржи стабилноста на Владата. Новиот лидер нема да може ги координира коалициските партнери, кои имаат договор со Заев, а не со новиот лидер. Затоа сметам дека ова мнозинство нема да трае многу, и 2022 година ќе има повторно избори“, вели Таравари.

Таравари вели дека со ВМРО-ДПМНЕ имале добра соработка на локалните избори.

„Можеби и соработката со нив придонесе да ги добиеме трите општини“, додава Таравари во „Click Plus“ на ТВ21.

Read Previous

Општина Тетово времено го прекина јавниот автобуски превоз

Read Next

Бектеши: Минималната плата по Нова Година ќе биде 18.000 денари