ноември 22, 2024

Француска фирма в година ќе гради соларен парк кај Штип

Северна Македонија ќе добие соларен парк, кој ќе биде еден од најголемите во Европа со капацитет за производство на електрична енергија од 350 до 400 мегавати (MW). Станува збор за директна француска гринфилд инвестиција најголема во овој домен, за македонската економија, соопштуваат од Владата. Оттаму информираат дека соларниот парк „Стипион“ ќе се гради во текот на следната година на локацијата која била предвидена за карго аеродромот во Штип.

– Поради движењата на ветровите оваа локација не е погодна за изградба на аеродром, но согласно анализите на соларната радијација, карактеристиките на земјиштето како и оддалеченоста од преносната мрежа, оваа местоположба има одлични услови за изградба на фотонапонска електрана. За успешна реализација на инвестицијата, Владата донесе одлука за утврдување статус на стратешки инвестиционен проект на Друштво за производство на електрична енергија „ОСТРО СОЛАР“ – Скопје – информираат оттаму.

Проектот ќе го реализира француската компанија за производство на електрична енергија исклучиво од обновливи извори „Акуо Енерџи“. Ќе чини околу 270 милиони евра, за која во фаза на подготовка е посебен закон за реализација на оваа инвестиција, кој се очекува да се донесе во првиот квартал од 2022 година.

– Првите количини на електрична енергија ќе протечат во текот на 2023 година, а целосна реализација се очекува до крајот на 2024 година. Производство на електрична енергија е проценето на околу 650 (GWh) гигават часови на годишно ниво, што преставува 16% од годишното производство на електрична енергија од АД „ЕСМ“. Оваа фотонапонска централа ќе ги задоволува потребите на околу 116 илјади домаќинства – уверуваат во Владата.

meta.mk

Read Previous

ЈО: Се обезбедуваат докази и се сослушуваат лица за трагедијата во Бугарија

Read Next

Кoмитова: Пожарот во македонскиот автобус е многу чуден!