ноември 23, 2024

Ковачевски: Да, ќе поднесам кандидатура за лидер на СДСМ

Заменик министерот за финансии и член на ИО на СДСМ Димитар Ковачевски, за Фокус потврди дека ќе се кандидира за претседател на партијата, односно наследник на Зоран Заев.

-Во рокот од 7 дена, ќе подготвам програма и ќе поднесам кандидатура за претседател. СДСМ е партија со најголем кадровски потенцијал и има поголем број истактани членови кои би биле одлични кандидати. Постапката е демократска и секој што ги исполнува условите може да се кандидира, изјави Ковачевски.

Инаку, тој од поодамна се спомнува како наследник на Заев, а се појави и на средбата со лидерот на Алтернатива, Африм Гаши кога разговараа за нивен влез во Владата.

Според информациите, Заев го фаворизирал Ковачевски на синоќешниот состанок на Централниот одбор.

Read Previous

Авион лета над Скопје-Се гледа корупција!

Read Next

Груби: Премиерската оставка на Заев треба да почека