ноември 21, 2024

Преживеаните патници од несреќата, кои се хоспитализирани во болница во Бугарија се во стабилна состојба

Седуммината преживеани во тешката автобуска несреќа во Бугарија се во стабилна состојба и не се животно загрозени, објавено е по утринскиот брифинг во болницата „Пирогов“, пренесуваат бугарските медиуми.

– Извршени се потребните итни интервенции. Вчера беа направени две операции. Еден опериран пациент имаше скршеница на потколеницата. Уште една од жртвите била оперирана поради скршен зглоб на коленото. Пациентите ја поминаа ноќта мирно – објасни д-р Маја Аргирова, раководител на Клиниката за изгореници и пластична хирургија.

Денеска, како што објасни во изјава за медиумите, претстојат уште две операции – на маж со длабока изгореница на двете раце и на 16-годишна девојка која има повреда на десното колено.

– Психолозите работат со жртвите. Еден од пациентите има тежок психички шок – додаваат лекарите од „Пирогов“.

Аргирова изјави дека на Клиниката за изгореници и пластична хирургија се примени шест пациенти а еден пациент е на Клиниката за трауматологија.

Лекарите ќе ја разгледуваат можноста за пуштање од болница на пациентите во наредните денови.

Read Previous

Бугарската влада ја започна седницата со едноминутно молчење

Read Next

Бугарски експерт: Пожарот во автобусот избувнал во предниот дел, имало експлозија