септември 19, 2024

Само со трета доза до европски ковид сертификат – Мицотакис со барање до ЕК

Забрана за влез во затворени простории за невакцинираните; рок на траење на сертификатот за вакцинација за лицата над 60 години; интензивирање на контролите, се дел од дополнителните мерките што грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис ги соопшти во неговата телевизиска порака до граѓаните.

Паралелно, откри дека од претседателката на Европската Комисија ќе побара дигиталниот сертификат да биде валиден само по примена трета доза.

-За валидноста на сертификатите, во допис до претседателката на Европската Комисија ќе предложам дигиталната европска потврда да важи само доколку ја наведува третата доза по шест месеци. Со цел да избегнеме било каква пукнатина во ѕидот на имунитетот што е веќе изграден на нашиот континент,  рече грчкиот премиер.

Во однос на мерките, соопшти дека од понеделник, сите невакцинирани полнолетни грѓани, освен во угостителските објекти, нема да имаат пристап ни до други затворени простори, како што се кината, театрите, музеите или фитнес центрите, каде што досега постоеше опцијата за влез со негативен тест.

Read Previous

Холандската влада ги затвора училиштата поради ковид-19?

Read Next

Ќучуков: Прекраток е рокот за повлекување на бугарското вето пред Самитот на ЕУ