ноември 22, 2024

Во САД за една година починале над 100.000 луѓе од предозираност со дрога

Во САД минатата година регистрирани се над 100.000 смртни случаи од предозираност со дрога, што е рекорден број смртни случаи за една година, соопштија американските здравствени власти.

Бројката од 100.000 е надмината за време на пандемијата со Ковид-19.

Во периодот од април 2020 година и истиот месец оваа година, во САД починале 100.306 лица поради предозирања со наркотици, што е за  28,5 отсто повеќе отколку во претходниот 12-месечен период.

Властите истакнаа дека повеќето од тие смртни случаи биле предизвикани од синтетички дроги, како што е нелегално произведениот фентанил. – Мојата администрација е посветена да направи се што е во нејзина моќ за да се бори против зависноста од дрога и да стави крај на оваа епидемија на предозирање, се наведува во соопштението на американскиот претседател Џо Бајден. 

Read Previous

Полскиот претседател Анджеј Дуда во посета на Северна Македонија

Read Next

Растат цените на природен гас во Европа