ноември 23, 2024

Нова рунда од дијалогот Белград-Приштина во Брисел

Делегации на Белград и на Приштина денеска во Брисел ќе одржат нова рунда дијалог на ниво на главни преговарачи и експерти.  Засега не се знае што ќе биде на дневен ред на разговорите ниту дали по билатералните разговори ќе се одржи трилатерална средба на двете делегации со посредниците на ЕУ.

Како што беше најавено на крајот од последната рунда од дијалогот одржана на 30 септември во Брисел, до крајот на годината на експертско ниво треба да се разговара за прашањата кои се уште се отворени од досега постигнатите договори, пред се Заедница на српските општини, јавија српските медиуми. Шефовите на дипломатиите на ЕУ од состанокот на Советот на ЕУ што се одржа вчера во Брисел, порачаа и дека нереализираните договори и неисполнетите обврски од претходните договори ќе бидат во фокусот на продолжувањето на дијалогот меѓу Белград и Приштина.

Read Previous

Унгарија апелира до ЕУ да ја забрза интеграцијата на Западен Балкан

Read Next

Целосно вакцинирани 38 отсто од граѓаните, активни 8.331 случај