ноември 27, 2024

ВМРО-ДПМНЕ: Власта купува пет пати поскапа струја од тоа што државата сама може да произведе

Власта купува пет пати поскапа струја, од тоа што државата сама може да произведе, предупредуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Во изминатите неколку дена државата потроши над 9 милиони евра за купување на струја, по цена и до 250 евра од мегават час. Тоа е и до 5 пати повеќе отколку цената на произведен мегават час од македонските електрани. Нема домашно производство и половина од потрошувачката е увозна затоа што Заев ги испразни езерата и ги остави на раб на исчезнување, а РЕК го остави без јаглен. Во сред грејна сезона нема јаглен на депонијата во РЕК“, предупредува ВМРО-ДПМНЕ.

„Власта наместо да инвестира во нови ископи и копање на јаглен, додаваат, се фали на матни тендери и ги потроши парите на граѓаните, за сега да префрла нови 65 милиони евра на ЕЛЕМ и МЕПСО да ги покриваат дупките кои сами ги создадоа.

Доколку на време се копаше јаглен во РЕК, и акумулациите се третираа професионално, сега воопшто немаше да има потреба ниту од увоз на јаглен, ниту од увоз на скапа струја, ниту од никакви други матни тендери. Но наместо на работа, власта се фрли на криминал. И затоа сме пред енергетски колапс. Оваа власт нема капацитет да се справи со енергетската криза. Оваа власт мора да си замине“, порачуваат оттаму.

Read Previous

Во Дебар денеска гласаат болни и изнемоштени лица

Read Next

Кастриот Реџепи се појави на прес конференција: Мирен сум, со чиста совест, своеволно донесов таква одлука