Мирен сум, со чиста совест и сигурен дека нема поголема вредност од тоа да избереш својата земја да ја носиш на патот на слободата, демократијата и заедништвото, рече пратеникот Кастриот Реџепи, во своето прво појавување во Собранието откако на денот за гласање на недоверба на владата не се појави во законодавниот дом со што Иницијативата за гласање пропадна поради немање кворум.
-За да нема какви било сомнежи, трачеви и шпекулациии и спинови, јас, Кастриот Реџепи, сојузник на своите сограѓани, и на Албанците и на Македонците, и на сите кои имаат поглед напред, стратешки сојузник на САД, во интерес на мојата земја, РС Македонија и во интерес на сопствениот народ, самоволно и одлучно се засолнив на денот на гласањето недоверба на владата, со цел да не дозволам на бранот на локалните избори земјата да ни отиде во правец спротивен на моите идеолошки убедувања, рече Реџепи.