„Отворена предистражна постапка од страна на Управата за финансиска полиција води кон членови на ВМРО-ДПМНЕ кои се сомничат за нелегално финансирање политичка партија.
Членови и активисти на ВМРО-ДПМНЕ меѓу кои и таткото на пратеникот Јован Јаулески препродавале ниви во реонот на општина Делчево.
Во јавноста со право се поставува прашањето дали парите од препродажбата завршиле во ВМРО-ДПМНЕ па затоа оваа партија веднаш се стави во заштита на Јаулески и неговиот татко?
Не е првпат партијата предводена од Христијан Мицкоски да се финансира на нелегален начин.
Истрагата на Управата за финансиска полиција и другите надлежни инситуции треба да ги даде сите одговри.
Денес никој не е над законите, за секој за кого ќе утврди одговорност за овој случај, мора да следува соодветна одговорност согласно законите“, се вели во соопштението на СДСМ.