ноември 24, 2024

Трипуновски: Власта езерата ги пресуши, хидро акумулацијата Калиманци на раб на пропаст

Хидро акумулацијата Калиманци во моментов има четири пати помалку вода од својот максимум, вода во езерото има само 22% од својот капацитет со што езерото е доведено до раб на пропаст, вели Цветан Трипуновски, претседател на комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на ВМРО-ДПМНЕ.

Трипуновски посочи дека хидро акумулацијата Калиманци има многу важно значење за земјоделството затоа што површините од Кочани па се до Велес се наводнуваат од оваа акумулација.

-Но, исто така оваа акумулација има и енергетска вредност затоа што се произведува електрична енергија. Со сегашниот водостој на ХЕЦ Калиманци практично е невозможно да се даде допринос во производството на електрична енергија, нагласи Трипуновски.

Трипуновски додаде дека се доведува и до знак прашање производната сезона на оризот за идната година, но и целокупното земјоделско производство долж Брегалница.

-Власта целосно ги пресуши хидро акумулациите ширум Република Македонија, кои имаат и енергетска и земјоделска вредност за нашата држава. Со оваа власт езерата се доведуваат до пропаст, а последиците ќе траат и наредните години. Затоа е потребно веднаш оваа власт да замине и да се преземат итни чекори кои што ќе значат зачувување на хидро акумулациите кои што имаат и енергетска и земјоделска вредност за нашата држава, рече Трипуновски.

Read Previous

Арсовска: Галијата е завршена работа и ќе продолжи да се урива

Read Next

СДСМ: Членови на ВМРО-ДПМНЕ осомничени дека учествувале во нелегално финансирање партија