• мај 19, 2024

Кинески град спроведе масовно тестирање на 30.000 луѓе во голем трговски и забавен центар

Градот Ченгду во југозападна Кина денеска соопшти дека извршил тестирање на 30.000 посетители на голем забавен и трговски центар, што е второ масовно тестирање на голем број луѓе во последните денови.

Сите тестови биле негативни на Ковид-19.

Не е познато колку посетители имало во New Century Global Center, кој има многу продавници, канцеларии, голем воден парк и универзитет. Тој зафаќа површина од 1,7 милиони квадратни метри, површина колку четири Ватикани. Ченгду, град со повеќе од 20 милиони жители, забележа неколку случаи на зараза со Ковид-19 во последните денови.

Read Previous

Полскиот премиер Моравиецки го обвини Путин за мигрантската криза на границата со Белорусија

Read Next

Во петок состанок на Комисијата за заразни болести, Филипче смета дека не се потребни нови мерки