ноември 23, 2024

Приведени крадци од Скопје, расчистени четири кривични дела

Две лица од Скопје се приведени вчера откако во полициска станица бил извршен службен разговор со нив и ги признале тешките кражби што ги извршиле во спортска обложувалница во Шуто Оризари.

Од МВР денеска соопштија дека службен разговор е извршен со Ф.И.(26) и С.А.(28), и двајцата од Скопје, осомничени дека сториле кривични дела „тешка кражба” по чл. 236 од Кривичниот законик, и тоа на 13.07.2021, 17.07.2021, 19.07.2021 и 22.09.2021 во спортска обложувалница во Шуто Оризари.

Лицата ги признале делата со кои се стекнале со противправна имотна корист од 59.000 денари  и во целост го појасниле начинот на извршување на кривичните дела, со што четирите кривични дела се целосно расчистени. Против нив ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави, се наведува во соопштението од МВР.

Read Previous

Физички нападната вработена во училиште во Кавадарци

Read Next

Наставнички пленум бара зголемување на платите на вработените во образованието