ноември 23, 2024

Наставнички пленум бара зголемување на платите на вработените во образованието

Наставничкиот пленум бара зголемување на платата на сите вработени во образованието за 20 отсто од јануари 2022 година, повикувајќи се на растот на цените на производите  за секојдневни потреби и на растот на минималната плата во државава.

Во барањето кое го упатува до министерката за образование и наука Мила Царовска, Наставничкиот пленум посочува дека на анкетата што ја спровел, големо мнозинство од неговите членови се изјасниле дека се незадоволни од сегашните примања на вработените во образовните институции. –

– Вработените во образованието заслужуваат подобар животен стандард и повеќе средства за егзистенција и поради тоа бараме од Вас сериозно да пристапите кон нашето барање и да го реализирате, наведува Пленумот во барањето до Царовска.

Read Previous

Приведени крадци од Скопје, расчистени четири кривични дела

Read Next

Демократот Ерик Адамс е новиот градоначалник на Њујорк