ноември 22, 2024

Почина филологот и книжевниот теоретичар Атанас Вангелов

Професорот на Филолошкиот факултет, д-р Атанас Вангелов почина денес на 75 години. Тој оваа година ја доби наградата „11 Октомври“ за животно дело во областа на науката и образованието.

Освен како професор на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, тој е познат и како книжевен теоретичар, преведувач, поет и драмски автор. Вангелов има напишано над 20 книги поезија, проза, драма, критика и студии.

Бил претседател на Советот на Струшките вечери на поезијата (СВП) и лектор по македонски јазик и литература во Париз, а од 1967 е член на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ). Работел како новинар во Радио Скопје, а бил член на редакцијата на списанието „Разгледи“.

Добитник е на наградите „Млад борец“, „Браќа Миладиновци“, „Божидар Настев“, „Димитар Митрев“, „Златно перо“, „Григор Прличев.

Read Previous

Хрватските граѓани од денеска ќе може да патуваат без виза во САД

Read Next

Брнабиќ откри дека било планирано убиство на Вучиќ