Со делата зад себе, со новите проекти, со најдобрата кадровска и програмска понуда Петре, СДСМ и коалицијата се сигурни победници во Скопје, но тоа треба да масовно да го потврдиме на денот на изборите, порача претседателот Зоран Заев на вчерашната предизборна конвенција на кандидатот за градоначалник и советници за Град Скопје.
„На 17 октомври да го потврдиме вистинскиот правец, да ја потврдиме стабилноста на државата и општините. Со СДСМ сите се на сигурно – и граѓаните и општините и државата! Затоа СДСМ е Најдоброто за Скопје, Најдоброто и за Аеродром и за Бутел и за Гази Баба и за Ѓорче Петров и за Карпош и за Кисела Вода и за Сарај и за Центар и за Чаир и за Шуто Оризари!СДСМ е најдоброто за секоја населба за секое населено место!“ истакна Заев.
Претседателот Заев ги повика граѓаните на 17ти да излезат и да дадат силна поддршка на кандидатите на СДСМ и Коалицијата Најдоброто за мојата општина.
„На овие локални избори победуваме во Скопје и сите негови општини, на овие локални избори победуваме во најголем дел од општините низ државата“ посочи Заев.