ноември 21, 2024

Бугарското МВР му врачи протестна нота на привремениот шеф на македонската амбасада во Софија

Министерството за внатрешни работи на Република Бугарија врачи протестна нота на привремениот шеф на амбасадата на Република Северна Македонија, Владимир Крстевски поради утврден случај на замена на бугарски споменик сместен на територијата на југозападниот сосед, соопшти бугарското МВР.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, на денешната средба во Министерството, директорката на Дирекцијата за Југоисточна Европа, Вања Андреева го известила в.д. шефот на македонската амбасада дека бугарската дипломатска мисија во Скопје открила оти во дворот на црквата во село Клепач, прилепско заменет е споменикот во чест на војводата Велко Скочивирчето и осум негови генерали кои загинале во битка со османлиските трупи во 1904 година.

Исто така, откриено е дека е заменет оригиналниот натпис на литературен бугарски јазик, отстранети се делови од автентичниот текст и некои од имињата на убиените бунтовници.

Read Previous

Османи: Пораката од Брисел не е добра

Read Next

Заев: Со СДСМ сите се на сигурно, СДСМ е најдоброто за Скопје, за секоја општина и населено место!