ноември 23, 2024

МТСП: Во тек е етапната исплата на септември пензии

Министерството за труд и социјална политика известува дека денеска 28.09.2021 год. (вторник) започна етапната исплата на септемвриските пензии. Пензиите ќе бидат исплатени предвреме и етапно, со цел да се овозможи поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од коронавирусот КОВИД-19.

Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата:

За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 28.09.2021 година (вторник);

За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 29.09.2021 година (среда);

За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 30.09.2021 година (четврток);

За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 01.10.2021 година (петок).

Пензионерите кои користат платежна картичка, поврзана со сметката на која се префрлува пензијата, со парите можат да располагаат од 28 септември (вторник). Тие можат да ја подигнат пензијата на банкомат, да ги користат средствата за плаќање во трговската мрежа или за електронски плаќања.

Етапното процесирање на пензиите ќе овозможи спроведување на препораките и мерките за спречување и ширење на вирусот, со оглед на тоа што пензионерите како возрасна група се најранливи.

Министерството за труд и социјална политика укажува дека пензиите се сигурни на сметките на корисниците, пензискиот систем е стабилен и функционира без проблеми.

Апелираме до пензионерите да се придржуваат до распоредот за исплати, затоа што етапната исплата е направена со цел да се намали метежот пред банките и можностите за загрозување на личното и јавното здравје.​

Read Previous

Прва доза вакцина примиле помалку од една третина од граѓаните на возраст од 18 до 39 години

Read Next

Владата ќе ја одржи редовната 108-ма седница