„Што сака да сокрие власта? Зошто не сака да се говори за околностите поврзани со тетовската трагедија и горењето на модуларната болница.
Срамно и лицемерно е СДСМ да ја обвинува опозицијата за нефункционалноста на Собранието. За нефункционалноста на Собранието виновно е СДСМ.
Владејачкото мнозинство сиве овие години докажа дека не е ништо друго освен гласачка машина на СДСМ и Зоран Заев.
Владејачкото мнозинство единствено го интересира да помине законот за марихуана на Заев за да му врви бизнисот на неговиот брат Вице.
ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да инсистира за формирање на анкетна комисија и откривање на вистината.
А, молкот на власта за оваа трагедија докажува само дека неславното трио Заев – Филипче – Хасани станаа главни виновници за кочењето на истрагата поврзана со овој случај.“ – стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.