ноември 24, 2024

На пописот до сега се евидентирани над 800.000 лица во земјава

Државниот завод за статистика (ДЗС) информира дека заклучно со вчерашниот ден до 20 часот во земјава биле попишани 800.008 лица, 249.500 домаќинства и 336.109 станови.

Преку апликацијата за самопопишување на дијаспората, досега бил реализиран пописот на 193.168 лица во странство.

Пописот на населението, домаќинствата и становите во земјава започна на 5 септември и е предвидено да трае до 30 септември.

Доколку сакаат, граѓаните имаат право да побараат во нивното домаќинство да дојде вакциниран попишувач, но и да го спроведат пописот надвор од нивниот дом (пред нивната куќа или станбена зграда).

Исто така, државјаните на Република Северна Македонија кои се на привремена работа или престој во странство ќе можат да се самопопишат до 30 септември.

Read Previous

Средношколците од Битола учеа за позитивно однесување кон заштитата на животната средина

Read Next

Италија стана првата земја во Европа што ќе бара ковид-потврда од работниците