ноември 22, 2024

Досега попишани над 618.000 лица во земјава и над 190.000 лица од дијаспората

Пописот во земјава непречено се одвива и заклучно со вчерашниот ден до 20 часот попишани се 618.120 лица, 191.839 домаќинства и 257.099 станови, информираат од Државниот завод за статистика (ДЗС).

Преку апликацијата за попис на дијаспората досега се самопопишани 192.827 лица кои живеат во странство.

Одбивањата на луѓето да се попишат досега се малубројни, а техничките проблеми со кои се соочуваше пописот се надминати.

Луѓето кои го бојкотираат пописот засега се соочуваат со опцијата државни инструктори да дојдат во нивните домови и да им објаснат зошто е важно да се реализира попишувањето. Сепак, оние што дефинитивно ќе одбијат да се попишат можат да бидат санкционирани со прекршочна казна од 300 евра.

meta.mk

Read Previous

Еден прекуокеански лет има климатско влијание што би можело да ја чини економијата 3.000 долари

Read Next

Заев: Штип добива најмодерна пречистителна станица во регионот