ноември 21, 2024

Линдита Никола нова претседателка на албанското собрание

Линдита Никола е нова претседателка на Собранието на Албанија.  Линдита Никола која е едена од најбилските соработници на премиерот и лидер на социјалситите Еди Рама  вршеше неколку министерски фунции, доби 79 гласови додека против гласаа 4 пратеници на движењето на Социјалистичка интеграција.  Од вкупно 14о пратеници во салата на Собранието беа 137 но опозицијата не гласаше и ги искина гласачките ливчиња. Пратеникот Сали Бериша кој синока беше исклучен од редот на парламантарната група на Демократската партија  со уште двајца пратеници не гласаа и ја напуштија салата.

Новоизбраната претседателка на Собранието Линдита Никола изјави дека таа ќе ги реализира своите задачи предвидени со уставот во интерес на Албанија. Таа особено се заблагодари на последниот претседател на Собранието Грамос Ручи за кого рече дека имал одлична политичка кариера и од него научила многу. Овој состав на Собранието  е резултат на парламантарните избори кои се одржаа во Албанија на 25 април и сега не се битни бројките на партиите бидејки јас сум претседател на сите пратеници на Собранието рече Никола.

Пред почетокот на конситуивната седница на Собранието пратеникот Сали Бериша инаку лидер на Демократите повеќе од две децении и екс претседател на државата и екс премиер кој синоќа беше исклучен од парламентарната група на Демократската партија на Лулзим Баша изјави дека тој повторно ќе ја превземе Демократската партија. Тој ги обвини Баша и Рама за тајна соработка. Премиерот Еди Рама по седницата на Собранието изјави дека е подготвен да соработува со опозицијата во интерес на Албанија.

Либертас

Read Previous

ДПС нема да го поддржи Румен Радев за втор претседателски мандат

Read Next

Семејството на црногорскиот премиер ја напушта Србија