ноември 28, 2024

МЗ: Вчера ставени 13.219 вакцини, бројот на починати од ковид-19 надмина 6.000

Министерството за здравство соопшти дека а вакциналните пунктови во земјава и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 741.553 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 4.251 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 13.219 граѓани. Во државата вкупно се ставени 1.306.042 дози вакцини, а ревакцинирани се 564.488 граѓани.

Со последните бројки, 53 отсто од населението над 40 години имаат примено барем една доза вакцина и 29 отсто од населението на возраст 18-39 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.

Граѓаните без закажан термин се вакцинираат, во постоечките вакцинални пунктовите низ државата. Децата од 12 до 18 годишна возраст се вакцинираат со согласност од родител.

Од статистиките на МЗ за вчерашниот ден, се гледа дека ширењето на пандемијата на ковид-19 не запира. Најновите статистики за последните 24 часа, објавени вчеравечер, зборуваат за 722 нови случаи на ковид 19 и 574 оздравени пациенти и 26 починати лица. Со тоа, вкупната бројка починати надмина 6.000 пациенти.

Бројките за новите случаи се следниве: Скопје – 302,Тетово – 51, Куманово – 46, Струмица – 42,Гостивар – 39, Охрид – 24, Велес ,Кичево и Штип – по 21, Кавадарци – 19, Битола ,Свети Николе и Струга – по 18, Прилеп – 16, Кочани – 13, Дебар – 7, Делчево и Радовиш – по 6, Гевгелија , Крива Паланка и Неготино – по 4, Берово, Македонска Каменица ,Пробиштип и Ресен – по 3, Богданци,Валандово и Виница – по 2, Демир Хисар,Дојран, Кратово и Македонски Брод – по 1 .

Регистрирани сe 574 оздравени пациенти од: Скопје – 169, Тетово – 105, Гостивар – 87, Струмица – 36, Куманово – 35, Кичево – 27, Кавадарци – 14, Битола и Кочани – по 13, Штип – 11, Прилеп,Велес и Радовиш – по 10, Свети Николе – 8, Гевгелија – 4, Крива Паланка и Виница – по 3, Неготино, Ресен, Пробиштип ,Македонски Брод и Македонска Каменица – по 2, Охрид, Делчево ,Крушево,Демир Хисар,Демир Капија и Кратово – по 1.

Пријавени се 26 починати лица: 6 починати лица од Скопје (77 г., 63 г., 58 г., 57 г., 52 г., 47 г.), по 5 починати лица од Тетово (74 г., 73 г., 68 г.,67 г. и 62 г.), по 3 починати лица од Гостивар (82 г., 55 г. и 52 г.) и Куманово (84 г., 71 г. и 65 г.) , по 2 починати лица од Кичево (78 г. и 68 г.) и Струга (76 г. и 45 г. ) и по едно починато лице од Крива Паланка (23 г.) ,Струмица (73 г.) , Штип (67 г.) ,Охрид (84 г.) и Прилеп (83 г.).

Од пријавените лица, 20 се починати во болнички услови, а 6 од пријавените лица се починати во домашни услови.

Досега во земјава се направени вкупно 1.175.766 тестирање за ковид-19, а вкупната бројка дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 178.879, бројката на оздравени пациенти е 157.868, на починати е 6.013, а бројот на активни случаи изнесува 14.998.

мета.мк

Read Previous

Арсовски: Се е подготвено, пописот почнува во недела

Read Next

Починаа тројца пациенти во штипската модуларна болница