November 26, 2026

Скопје: Одржан протест против насилството врз жените, побарана институционална одговорност

Со едноминутно молчење во чест на убиените жени и девојки, во Скопје се одржа протест против насилството врз жените, организиран од Движењето за слобода и правда на жените „Ниту една повеќе“.

Протестот започна пред Собранието на Северна Македонија, продолжи низ центарот на градот и заврши пред Министерството за внатрешни работи.

Демонстрантите побараа од институциите до 10 декември, Денот на човековите права, да преземат конкретни мерки за заштита на жените од насилство.

Претставниците на движењето побараа усвојување на законските измени за спречување и заштита од насилство врз жените и семејно насилство, како и на уште осум закони за кои е формирана работна група.

Тие побараа и издвојување на најмалку 200 милиони денари за специјализирани услуги за заштита и поддршка на жртвите на насилство, како и институционална одговорност за случаите на фемицид.

„Нема повеќе изговори, нема да ви дозволиме да закопате уште една жена. Женската борба денес е борба за живот“, беше истакнато на протестот.

На протестот присуствуваа и политички претставници и личности од јавниот живот во земјата.

Read Previous

100 институции ќе добијат подобра кибербезбедност, УКИМ ќе гради нови објекти со кредит од 47 милиони евра

Read Next

Силјановска – Давкова ќе ги пречека лидерите од Процесот Брдо-Бриони утре на состанок во Охрид