October 13, 2026

На поранешниот вицепремиер Артан Груби му истече мерката куќен притвор

Поранешниот прв вицепремиер на Северна Македонија, Артан Груби, денес излегува од куќен притвор бидејќи истекува законскиот рок за оваа мерка во случајот „Државна лотарија“.

Неговата одбрана побара укинување и на дополнителните мерки на претпазливост, нудејќи недвижен имот во вредност од 335.707 евра како гаранција дека ќе им биде достапен на органите на прогонот во текот на постапката.

Сепак, мерката за привремено одземање на пасошот и забраната за издавање нова патна исправа за преминување на државната граница остануваат во сила.

„По понудената гаранција, оформен е предмет, кој е доставен на мислење до надлежното јавно обвинителство. По добивањето на мислењето, Кривичниот совет ќе постапува по предлогот и ќе ја извести јавноста“, информираа од Основниот кривичниот суд – Скопје.

Груби беше лишен од слобода на граничниот премин „Блаце“ меѓу Северна Македонија и Косово во февруари годинава, а потоа му беше определен куќен притвор.

Тој се бараше со меѓународна потерница од декември 2024 година.

Груби е обвинет за злоупотреба на службената положба и овластувањата во случајот „Државна лотарија“, а на судењето се изјасни за невин.

Обвинението против него и уште седум лица беше поднесено на 13 август 2026 година.

Read Previous

Амбасадата апелира за зголемена претпазливост на македонските државјани во Саудиска Арабија

Read Next

Поради случајот со Ива Михајлова, МНР го повика бугарскиот амбасадор на разговор