October 12, 2026

Охриѓанец почина откако неговото кану се превртело во Охридското Езеро

Лице на 57 години од Охрид го загуби животот откако вчера се превртело кануто со кое управувал во близина на месноста „Извиднички“, на околу 200 метри од брегот на Охридското Езеро.

Случајот вчера  бил пријавен во 18:30 часот во Полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“. На местото биле упатени полициски службеници и екипа на Итната медицинска помош, чиј лекар констатирал смрт кај лицето.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Охрид, а по наредба на јавен обвинител телото е предадено на обдукција, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Истрагата ќе ги утврди причините и околностите под кои се случила несреќата.

Read Previous

Во скопската Општина Чаир турскиот јазик веќе 13 години се користи како службен јазик