October 2, 2026

НБРМ со нови правила за банките за кредитите за граѓаните – станбените кредити ќе мора да се отплатат до 25 години

Народната банка воведува нови правила за банките при одобрување на кредити за граѓаните. Па така од први декември се намалува максималната задолженост, односно односот меѓу месечната рата и платата на кредитокорисникот паѓа за 5 процентни поени. Или од сегашните 50% од платата, максималната месечна рата за отплата на кредити во денари, нема да смее да е повисока од 45 проценти од месечниот приход. За кредити во странска валута паѓа од сегашните 45 на 40 проценти. Се намалуваат и годините за отплата на кредитите. За станбените од 30 на максимални 25 години.

„Со измените, максималната вредност на показателот ДСТИ се намалува за 5 процентни поени – од 50% на 45% за кредитите во денари и од 45% на 40% за кредитите со валутна компонента. ДСТИ покажува колкав дел од месечниот приход може да се користи за отплата на кредитите. За кредитите за прво купување сопствено живеалиште лимитите остануваат непроменети – 50% и 45%, соодветно. Истовремено, максималниот рок за отплата на станбените кредити се намалува од 30 на 25 години, а на хипотекарните потрошувачки кредити од 20 на 15 години. За кредитите за прво купување сопствено живеалиште рокот останува 30 години“, порача НБРМ.

Целта според Народната банка е превентивно, во услови на здрав и стабилен банкарски систем, да се ограничат ризиците од прекумерно задолжување на домаќинствата.

„Народната банка за првпат ги воведе овие макропрудентни мерки во јули 2023 година, а нивната поставеност дополнително се зајакна од декември 2025 година. Досегашните податоци покажуваат подобрување на структурата на новото кредитирање, со намалува

ње на кредитирањето на домаќинствата со повисок должнички товар. Оттука, дополнителното воведување мерки има превентивен карактер и е насочено кон навремено ограничување на потенцијалните ризици од прекумерно задолжување, пред да се остварат“, велат од НБРМ.

Според централната банка измените се донесуваат во услови на здрав и стабилен банкарски систем, без присутни системски ризици, при што квалитетот на кредитното портфолио на физичките лица и понатаму се подобрува. А кредитната активност кон физичките лица продолжува да расте. Па така во првото полугодие од годинава, годишниот раст на кредитите на физичките лица достигнал 12,2%, наспроти 11,2% во 2025 година. Највисок раст е забележан кај станбените кредити, од 16,6%.

Read Previous

Втор енергетски самит на Македонија, Србија, Грција и Бугарија – во фокус регионалната поврзаност