Граѓаните на Скопје во наредните денови треба да очекуваат терестрична дезинсекција против возрасни форми на комарци.
Градот Скопје информира дека прскањето ќе се спроведува од 16 до 19 септември, во вечерните и ноќните часови, од 22:00 до 03:00 часот наредниот ден.
Дезинсекцијата ќе се врши на подрачјето на градот Скопје, со цел сузбивање на возрасните форми на комарци.
Од Градот посочуваат дека доколку временските услови не дозволуваат спроведување на дезинсекцијата, прскањето ќе се изврши во првиот нареден ден кога ќе се создадат поволни услови, во истиот временски термин.
Воедно, пчеларите се повикуваат навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.


