Основниот суд во Улцињ ја осуди С. Стојановска, 43-годишна скопјанка, на 45 дена затвор, откако ја прогласи за виновна за кривичното дело „убивање и малтретирање животни и уништување на нивното живеалиште“.
Според пресудата, на 24 јули, на булеварот „Теута“ во Улцињ, Стојановска со својот автомобил „Мерцедес“ најмалку двапати прегазила куче од расата шарпланинец, кое подоцна угинало од тешките повреди.
Како олеснителни околности, судот ги зел предвид фактот дека таа е мајка на две деца, од кои едното е малолетно, дека претходно не била осудувана, како и фактот дека во моментот на извршувањето на делото имала значително намалена способност за расудување, што било утврдено од страна на психијатриски вештак.
Во казната ќе ѝ биде засметано и времето поминато во притвор, почнувајќи од 24 јули 2026 година.


