Општина Карпош воведува дронови во инспекцискиот надзор, со цел побрзо, попрецизно и поефикасно следење на состојбите на терен.
Од Општината денеска информираа дека четворица вработени успешно ја завршиле обуката и се стекнале со сертификати за управување со беспилотни летала.
Дронот, како што наведуваат оттаму, ќе се користи за: увид на тешко достапни локации, визуелна документација, следење на урбанистички и инфраструктурни состојби и контрола на јавни површини и животната средина.
„Со дигитализација и современи алатки, создаваме побрзи, поодговорни и поквалитетни услуги за граѓаните“, порачаа од Општина Карпош.


