September 15, 2026

606 прекршоци и одземени 18 електрични тротинети само во август, полицијата ги засилува сообраќајните контроли

Секторот за сообраќајни работи при МВР во текот на август спровел засилени акциски контроли низ целата земја за санкционирање на прекршоците направени од возачите на електрични тротинети, при што се констатирани 606 прекршоци.

Од нив, 162 санкции се изречени за неносење рефлектирачки елек при управување електричен тротинет во ноќни услови, 134 поради некористење велосипедска или пешачка патека, 59 поради некористење заштитен шлем, 45 поради превезување на две лица, 20 за малолетници кои управувале електричен тротинет итн. При тоа, одземени се 18 електрични тротинети во времетраење од 30 дена.

„Од вкупниот број прекршоци, најголем дел се констатирани на подрачјето на СВР Битола – 236, потоа СВР Скопје – 97, СВР Струмица- 82, СВР Охрид – 57, СВР Тетово -27, СВР Велес-18, СВР Штип-13, СВР Куманово – 7 и 69 од Мобилната единица за безбедност во сообраќајот“, соопштија од МВР.

Во текот на контролите констатирани се и 3665 прекршоци од друг вид. За сите констатирани прекршоци преземени се соодветни мерки и изречени се санкции согласно законските прописи.

Од МВР велат дека продолжуваат со засилени сообраќајни контроли со цел зголемување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот и доследно почитување на сообраќајните правила и прописи.

Read Previous

Хрватска го блокира патот на Црна Гора кон членство во ЕУ

Read Next

Општина Карпош ќе врши инспекциски надзор и со дронови