Долги колони граѓани се формираа на повеќе локации во Белград, каде продолжува собирањето потписи за поддршка на изборната листа „Студентска листа – Студентите победуваат“, која ќе учествува на предвремените парламентарни избори во Србија на 25 октомври.
Во белградската општина Земун голем број граѓани уште од утринските часови чекаа за да го дадат својот потпис. На пунктот во Косовска улица потписи се собираат од 10 до 17 часот, а дел од присутните за Н1 изјавиле дека чекале и претходниот ден, но не успеале да стигнат на ред поради бавното одвивање на постапката.
Слични колони претходно беа забележани и во Хиландарска улица во белградската општина Стари Град, како и на други пунктови во главниот град. Собирањето потписи се одвива и во десетици градови низ Србија, меѓу кои Нови Сад, Ниш, Крагуевац, Краљево, Крушевац, Чачак, Ужице и Врање.
За изборната листа да може да биде поднесена до Републичката изборна комисија, потребни се најмалку 10.000 заверени потписи од граѓани.
Групата граѓани „Студентска листа – Студентите победуваат“ беше официјално формирана на 9 септември. Објавени се имињата на 14 основачи, а студентското движење најави учество на претстојните парламентарни избори


