Багер, паркиран во близина на стадионот во тетовското село Глоѓе, вчера во текот на денот бил зафатен од пожар.
Случајот бил пријавен на 13 септември, околу 10:00 часот, во Полициската станица Тетово, од 44-годишен жител на селото Глоѓе.
Според пријавата, багерот бил во сопственост на месната заедница. Во пожарот бил оштетен внатрешниот дел од работната машина, односно кабината и електричната инсталација во неа. Пожарот бил локализиран од пријавителот и други лица кои се наоѓале во близина на местото на настанот.
Од инцидентот нема пријавено повредени лица, додека екипи на СВР Тетово извршиле увид на местото на настанот. Надлежните работат на расчистување на околностите и причината за избувнувањето на пожарот.


