September 14, 2026

11 пожари во последните 24 часа, еден сè уште активен

Во последните 24 часа, на територијата на земјава се пријавени 11 пожари на отворен простор. Од нив, еден пожар сè уште е активен, додека останатите 10 се локализирани и изгаснати.

Активниот пожар е регистриран во Општина Македонски Брод, во близина на селото Белица, во реонот на Кајорец. Според пријавите, пожарот зафатил нискостеблеста и мешана шума.

Во овој период не е пријавен ниту еден друг пожар кој е ставен под контрола.

Меѓу изгаснатите пожари е и оној во село Рашче, Општина Сарај, каде што била зафатена ниска вегетација. Пожар е изгаснат и во село Конско, Општина Гевгелија.

Во Општина Струга интервенирано е на два пожара. Во Татеш биле зафатени слама и ниска вегетација, додека во Велешта пожарот зафатил ниска вегетација.

Read Previous

Од Центар до Аеродром за 8 минути, Николоски најави брз воз до Петровец и две нови линии на скопскиот градски воз

Read Next

Колони граѓани во Белград чекаат да се потпишат за студентска листа