August 25, 2026

Гаши на средба со турскиот амбасадор: Потврдени одличните политички односи меѓу Северна Македонија и Турција

Претседателот на Собранието на Северна Македонија, Африм Гаши, оствари проштална средба со амбасадорот на Турција, Фатих Улусој, пред неговото заминување од мисијата во земјата.

Според соопштението од Собранието, на средбата претседателот Гаши изрази благодарност и признание за придонесот на амбасадорот во унапредувањето на билатералните односи и политичкиот дијалог меѓу двете пријателски земји.

„Заемно беа потврдени одличните политички односи меѓу Република Северна Македонија и Република Турција и беше реафимиран интересот за натамошно унапредување на меѓупарламентарната соработка на билатерален и мултилатерален план, за проширување на успешната економска и инвестициска соработка, како и за интензивирање на соработката во сите области од заемен интерес“, се вели од Собранието.

Заблагодарувајќи му се за плодната и интензивна соработка, претседателот Гаши му посака на амбасадорот Улусој успех во идните професионални ангажмани и изрази надеж дека тој и во иднина ќе продолжи силно да ја поддржува Република Северна Македонија, се наведува во соопштението на законодавниот дом.

Read Previous

Се уредува пешачката зона долж целиот кеј на Вардар, објави Ѓорѓиевски

Read Next

Прв потврден случај на западнонилска треска во Албанија