August 25, 2026

Зголемено загадување во Скопје поради чадот од пожарите

Голем дел од Скопје денеска беше зафатен од мирис на чад и дим во воздухот, истовремено, податоците од дел од мерните станици покажуваат зголемено ниво на загаденост.

Зачаденоста што попладнево е забележлива во Скопје е од ветерот што го носи чадот од пожарот што гори на Китка во општините Студеничани и Зелениково, на кој денеска дејствувал хеликоптер на МВР, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

„До овој момент нема пријава за можен пожар на Водно, освен двата пожара на сува трева и ниско деградирана шума во Општина Илинден“, велат од ЦУК.

Според податоците на платформата IQAir, швајцарска компанија што го следи квалитетот на воздухот во светот, во неколку мерни станици измерила и до 178 US AQI, што се класифицира како „нездрав“ квалитет на воздухот.

Мерната станица регистрирала концентрација од 94 микрограм ПМ2.5 честички на кубен метар воздух, кои се наведуваат како главен загадувач.

Исто така, ЦУК информираше дека регистрирани се вкупно 14 пожари на отворен простор до 13:00 часот, од кои 5 се активни, 1 е под контрола, а 8 се изгаснати.

Read Previous

Две лица приведени поради сомнение за подметнување пожари

Read Next

Се уредува пешачката зона долж целиот кеј на Вардар, објави Ѓорѓиевски