August 7, 2026

Авион не успеа да полета од Солун поради птица во моторот

Лет од Солун за Германија беше откажан синоќа на аеродромот „Македонија“ во Солун, откако во еден од моторите беше пронајдена птица, јавува локалниот информативен портал Теспост.

Авинот требаше да тргне вчера рано навечер со околу 150 патници, објави 4news.mk По подолг престој кај излезот за качување, тие беа известени дека летот се откажува поради присуство на птица во еден од моторите.

Патниците е планирано да отпатуваат за Германија денес.

Порталот потсетува дека вшмукувањето птици во авионските мотори е еден од најчестите ризици со кои се соочуваат пилотите во патничката авијација, објави 4news.mk

Read Previous

ССНМ: Новинарите мора да имаат пристап до информации