August 5, 2026

Туристка пронајдена почината во хотел во Охрид

53-годишна државјанка на Република Белорусија е пронајдена почината во хотел во Охрид, информира Министерството за внатрешни работи.

Според полицијата, случајот бил пријавен денеска, 5 август, во 07:45 часот во СВР Охрид. Починатата е идентификувана како И.Т. (53) од Белорусија. 

Смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош во Охрид, а по наредба на јавен обвинител ќе биде извршена обдукција за утврдување на причините за смртта.

Од МВР соопштија дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот. 

Read Previous

Царината со рекордна наплата во јули: Собрани над 14 милијарди денари приходи

Read Next

Албанија: Пожарот во Рибан кај Малакстра се шири кон шумскиот масив во Лофкенд