Бугарските власти запреле увоз на речиси 20 тони јаболка од Македонија, откако лабораториските испитувања покажале присуство на остатоци од пестициди над дозволените законски граници.
Станува збор за пратка со вкупна тежина од 19.350 килограми, на која ѝ бил забранет влез во Бугарија, а според одлуката на надлежните институции, јаболката ќе бидат вратени во Македонија.
Од Бугарската агенција за безбедност на храната (БАБХ) информираат дека анализите откриле концентрации на пестициди повисоки од максимално дозволените нивоа, поради што пратката не ги исполнувала пропишаните стандарди за безбедност на храната.
Контролата била спроведена во рамки на засилените проверки на увезеното свежо овошје и зеленчук, кои бугарската агенција ги врши со цел да ја гарантира безбедноста на храната на пазарот.

