Бактеријата салмонела е причина за масовното труење со храна во прилепската компанија „Микросам“, каде што се разболеле 44 вработени. Заболените конзумирале макарони со изварка и јајца, оброк подготвен од кетеринг-фирмата „Рустика“.
Од вкупно 58 лица кои го јаделе оброкот, симптоми развиле 44 работници, а шестмина се хоспитализирани во прилепската болница. Кај дел од земените примероци е потврдена салмонела.
Кујната на кетеринг-фирмата и мензата на „Микросам“ се затворени до завршување на инспекциските проверки и добивање на конечните резултати од анализите.


