July 7, 2026

Жичницата кон Водно останува затворена до крајот на сезоната

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски најави дека наскоро ќе има тендерска постапка за целосно сервисирање на жичницата на Водно. Тој уште еднаш нагласи дека до крајот на сезоната, жичницата нема да биде ставена во функција.

– Ќе има постапка објавена за скоро време, тендерска, во која ќе треба да се сервисира целосно. Јас кажав дека до крајот на сезоната нема да биде ставена во функција. Ако ревитализацијата биде целосно завршена и кога јас ќе бидам безбеден со моето дете да се возам во неа, тогаш ќе дозволам да работи. Во спротивно, нема да дозволам ничиј живот да биде загрозен, на кој било скопјанец или на кое било дете во Скопје, поради несовесноста на службите во минатото, појасни првиот човек на градот Ѓорѓиевски. 

Read Previous

Шефот на НАТО ги повика сојузниците да ги претворат издвојувањата за одбраната во воени капацитети

Read Next

Панел за безбедноста на Балтикот одржан во рамки на самитот на НАТО во Анкара