July 7, 2026

МВР: Криминалот во Македонија е намален за 30% и е на најниско ниво во последните 20 години

Министерството за внатрешни работи на Македонија, објави дека, според нивните податоци, стапката на криминал во земјата е најниска во последните 20 години, додека вкупниот криминал е намален за 30 проценти во последните две години.

Во соопштението се наведува дека е зголемена и ефикасноста во откривањето на кривични дела и нивните сторители, достигнувајќи 69 проценти.

„Најниско ниво на криминалитет во последните 20 години. Борбата против криминалот се мери со резултати

Во изминатите две години покажавме дека со професионална, одлучна и неселективна работа можат да се постигнат конкретни резултати.

Денес криминалитетот во државата е на најниско ниво во последните 20 години, а вкупниот криминалитет е намален за 30%. Истовремено, ја зголемивме ефикасноста во откривањето на кривичните дела и нивните сторители на 69%.

Во борбата против организираниот криминал сузбивме над 30 организирани криминални групи, а бројот на разбиени групи поврзани со корупција е зголемен за 50%.

Во борбата против трговијата со дрога откривме над 1.600 кривични дела, пријавивме околу 1.900 сторители, запленивме 6,2 тони наркотична дрога, спречивме девет меѓународни транспорти на марихуана и кокаин, а заплените на кокаин се зголемени за повеќе од 300%.

Паралелно со тоа, имотниот криминал е намален за повеќе од 30%, а разбојништвата и разбојничките кражби за над 40%, што значи поголема сигурност за секое семејство и секоја локална заедница.

Ова не се само статистички показатели. Зад секоја бројка стои спречено кривично дело, разбиена криминална мрежа, спасен човечки живот, заштитен имот и поголема безбедност за граѓаните.

Им благодарам на сите полициски службеници за нивната пожртвуваност, професионалност и посветеност. Ќе продолжиме уште поодлучно, затоа што силната држава се гради со силни институции, а безбедноста на граѓаните останува нашиот највисок приоритет.“, стои во објавата на МВР.

Read Previous

Во Анкара започна Самитот на НАТО

Read Next

Шефот на НАТО ги повика сојузниците да ги претворат издвојувањата за одбраната во воени капацитети