July 6, 2026

Девет лица пијани управувале пловни објекти по Охридското езеро – при акциска контрола констатирани 52 прекршоци

Вчера полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“ во содејство со полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Запад и инспектори од Капетанија на пристаништа Охрид, реализираа координирани акциски контроли кон пловните објекти во водите на Охридското Езеро.

Од МВР информираат дека мерките биле преземени согласно одредбите од Законот за внатрешна пловидба, при што била извршена контрола на вкупно 63 пловни објекти.

Кај 31 пловен објект и кај 31 лице, констатирани биле 52 прекршоци и тоа: немање задолжителна опрема, управување необележан пловен објект, управување нерегистриран пловен објект, управуване пловен обект за време на забрана, управување пловило без одобрение за пловидба, превезување повеке патници од дозволеното, неносење пловидбена дозвола, и сл., а по извршено алкотестирање, кај девет лица било утврдено дека се под дејство на алкохол.

Кај пет лица кои вршеле изнајмување на педалинки, била констатирана нецелосна примена на безбедносните правила при нивното изнајмување.

„Целта на акциските контроли, кои ќе бидат редовни во текот на летото, е доследно почитување на одредбите на Законот за внатрешна пловидба и зголемување на степенот на безбедност на вода“, посочија од МВР.

Read Previous

„Безбеден град“ го намали бројот на жртви во сообраќајни несреќи за 40%

Read Next

Градот Охрид, кој е на листата на светско наследство на УНЕСКО, ги привлекува посетителите во летната сезона