June 30, 2026

Реконструкцијата е завршена, новите министерски имиња најверојатно ќе се знаат вечерва

Промените предвидени со реконструкцијата на Владата се очекува да бидат објавени вечерва по седницата на Извршниот комитет на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

Во изјава за медиумите премиерот Мицкоски вчера нагласи дека за најавената реконструкција на Владата принципиелно има договор со коалициските партнери „Вреди“ и ЗНАМ, но оти персоналните решенија ќе бидат објавени вечерва по седницата на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

„Да, ние не сме разговарале за персонални решенија, за имиња. Принципиелно имаме договор за ресорите. Јас во минатото кажав, додека не се заврши седницата на Извршниот комитет на партијата, нема да коментирам ниту ресори ниту имиња. Почекајте до утре, некаде до 20 часот, јавноста ќе биде детално запознаена, истакна Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање.

За промени во другите ешалони, Мицкоски рече дека со тие активности ќе се продолжи од септември.

„Овој месец е предвидена реконструкцијата на Владата, предвиден е ребалансот на буџетот и доколку има потреба, одредени седници, со кои ќе се донивелираат одредени реформски закони кои се потребни за реформската агенда. Потоа, колку што сум информиран, во август Собранието е на годишен одмор, така што продолжуваме од септември понатаму, посочи тој.

Read Previous

Топлотен бран го зафати регионот

Read Next

Со „Безбеден град“ 40 проценти помалку жртви во сообраќајот