May 29, 2026

Ѓорѓиевски најави тендерска постапка за „Цветан Димов“ кај Јаја Паша до крај на годината


Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21, зборуваше и за улицата „Цветан Димов“. 

Тој изјави дека Општина Чаир го подготвува проектот за оваа улица, додавајќи дека Град Скопје веќе предвидел средства во буџетот.

Во продолжение, за оваа инвестиција тој истакна дека се надева оти до крајот на годината ќе започне постапката за распишување тендер.

„Општина Чаир го подготвува проектот и според информациите што ги имам, тој е во сериозно напредна фаза. Ние предвидовме средства во буџетот и искрено се надевам дека до крајот на годината ќе започнеме тендерска постапка за избор на изведувач за таа улица. Веќе сум во комуникација со дел од сопствениците на објектите кои би биле предмет на експропријација, бидејќи тоа можеме да го реализираме. Кога ќе се погледнат работите, процесот не изгледа комплициран. Веќе имам комуникација и навистина постои добра волја таму, бидејќи и самите се свесни дека со отворањето на тој дел од улицата, пред сè, ќе ја зголемиме безбедноста, конечно по повеќе од три децении ќе го решиме проблемот, а воедно и вредноста на нивните објекти ќе биде поголема, бидејќи ќе добијат модерно булеварско решение, уредени велосипедски патеки, пешачки зони, а нивните деца ќе бидат побезбедни на улица“, изјави Ѓорѓиевски.

Read Previous

Авионска дезинсекција против комарци во Скопје на 1 и 2 јуни

Read Next

Следната сабота почнува матурата за над 14.500 средношколци