May 25, 2026

Голем пожар во фабрика во Радовиш


Големиот пожар што синоќа избувна во кругот на поранешниот „Декортекс“ во Радовиш е целосно изгаснат по повеќе од шестчасовна интервенција, информираа од ТППЕ Радовиш. Во пожарот биле зафатени магацински простории и машини.

За време на интервенцијата, неколку пожарникари вдишале чад и добиле полесни изгореници, но според информациите од надлежните, сите се во добра здравствена состојба.

Во гаснењето учествувале екипи на ТППЕ Радовиш, а помош пристигнала и од пожарникари од Струмица, како и од Доброволното противпожарно друштво од Конче.

Надлежните служби веќе извршуваат увид на терен, а причините за избувнувањето на пожарот дополнително ќе се утврдуваат.

Read Previous

Почна гласањето по пошта за косовската дијаспора за предвремените избори на 7 јуни

Read Next

Непријавени 35.000 евра запленети во автобус на туристичка агенција во Тетово