June 28, 2026

Студентите не запираат – На 18 мај нов протест со барање правосудниот испит да биде и на албански јазик

Во понеделник, на 18 мај, студентите Албанци повторно ќе излезат на протест, барајќи правосудниот испит да може да се полага и на албански јазик.

Веста ја соопшти страницата „Студенти Албанци“ на Фејсбук, а истата ја сподели и еден од иницијаторите на оваа иницијатива, Мевлан Адеми, кој напиша: „Како нашите предци за овој аманет“!

Протестот ќе започне кај Камен мост во Скопје во 16:30 часот. Најавата за протест започна уште вчера, кога на еден мост беа поставени натписи на кои пишуваше: „Ако мислевте дека запревме, се излажавте. Првиот го игнориравте, вториот доаѓа“.

Да потсетиме, на 6 април во Скопје стотици студенти Албанци протестираа барајќи правосудниот испит да се полага и на албански јазик, а побараа и целосна примена на Законот за употреба на јазиците.

Read Previous

Зачестена појава на измамнички пораки за наплата на сообраќајни прекршоци, предупредува МВР

Read Next

Маж со нож си ја уби сопругата во Битола