May 11, 2026

Министерството за здравство продолжува со поддршка и унапредување на статусот на медицинските сестри и акушерки

Министерот за здравство, Азир Алиу, по повод одбележувањето на националната и европската недела на медицински сестри и акушерки, ја истакна клучната улога на медицинските сестри, техничари и акушерки како јадро на здравствениот систем – од превенција и дијагностика, до рехабилитација и поддршка на пациентите и нивните семејства.

-Министерството за здравство е посветено на зајакнување на човечките ресурси во јавните здравствени установи, при што се реализирани над 1.250 вработувања во јавноздравствениот сектор, од кои значителен дел се медицински сестри. Во насока на подобрување на економската состојба на здравствените работници, минатиот месец е потпишан колективен договор со Синдикатот на вработените во Клиничкиот центар и Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита, со кој е предвидено покачување на платите од 7 проценти со мартовската плата, како и утврдена динамика за натамошен раст на платите во наредниот период, истакна министерот Алиу во обраќањето на свечената академија, во организација на Националното здружение на медицински сестри, техничари и акушерки ЗМСТАМ.

Министерството останува посветено на континуирана надградба на здравствената инфраструктура, унапредување на статусот на медицинските сестри и акушерки, како и поддршка на нивното образование и професионален развој.

Read Previous

Започна најмасовната еко-акција на Балканот, GENERALKA WEEKEND

Read Next

Полицијата одзеде автобус што превезувал ученици по пријава за дефекти на патот