Од Управата за хидрометеоролошки работи соопштија дека времето денеска и утре ќе биде стабилно, а од среда ќе следува променливо облачно време со повремен локален дожд.
Пообилни врнежи се очекуваат од сабота, додека од четврток температурите ќе бидат во значително опаѓање.


