March 30, 2026

Филмот „Аромата на минатото“, кој раскажува љубовна приказна од Северна Македонија, ќе биде прикажан во Турција


Копродукцијата на државната телевизија на Турција (TRT), филмот „Аромата на минатото“ (Geçmişin Kokusu), кој на големото платно прикажува љубовна приказна во историска средина на Северна Македонија, ќе се претстави пред публиката на 24 април во Турција.

Според соопштението на TРT, филмот започнува со мотото „Иднината понекогаш е скриена во минатото“, а во главните улоги играат Ѓулсим Али Илхан, Ѓоркем Севиндик и Емир Бендерлиоглу.

Драмскиот филм, сниман во Северна Македонија, обработува љубовна приказна за време на распадот на Југославија.

Сценариото и режијата се на Серкан Озарслан, додека Ѓоркем Севиндик го оживува ликот на Салих, Ѓулсим Али Илхан го игра ликот на Елина, а Емир Бендерлиоглу на Мурат.

Синопсисот на филмот е следниот:

„За време на распадот на Југославија, во Скопје, Салих, кој сведочи на настаните што се случуваат во неговата 500-годишна куќа, се обидува да се спротивстави на растечките промени и индивидуализмот во својата населба. Сепак, рамнотежата се нарушува кога неговата пријателка од детството, Елина, со која израснал во истата населба, се враќа во градот како претставник на една граѓанска организација. Како што расте вознемиреноста и се отвора патот за мрачни времиња во кои соседите се судираат едни со други. Салих, несакајќи да остане само набљудувач на сето тоа, се наоѓа во голема борба како со својата љубов од детството, така и со силите што стојат зад неа.“

Read Previous

27-годишен жител на Росоман со остар предмет ја убил неговата мајка